• среда, 26 јуни 2024

Заложник обезбеди финале на ЕП 2025

Заложник обезбеди финале на ЕП 2025

Братислава, 17 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот натпреварувач Лука Заложник извојува две победи на „Гранд национален куп на Шаморин Лонгинес“ во коњички скокови со висина на пречките на 1,6 м кој викендот се одржа во Братислава.

По успехот постигнат во словачката престолнина, Заложник обезбеди пласман во финалето на Европско првенство 2025 во Холандија. 

Натпреварот во Братислава се бодува во Свесткиот куп и Европската ранг листа и на него учествуваа 158 јавачи. 

За натурализираниот Македонец со словенечко потекло кој веќе деветта година ги брани боите на нашата земја, идното Европско првенство ќе биде трето. Има и едно учество на Светско првенство. зс/

Остани поврзан