• недела, 14 јули 2024

Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка

Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка
Гостивар, 20 април 2023 (МИА) - Едно лице почина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.
 
Според СВР Тетово, околу 15:30 часот  денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев" и „Беличица" во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман" со мешалка за бетон управувано од М.К.(56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.
 
- Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало, наведуваат од СВР Тетово.
 
На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.згм/фф/
 
Фото: МИА Архива

Остани поврзан