• понеделник, 01 јули 2024

Загинаа шест лица во близина на грчкиот остров Лезбос

Загинаа шест лица во близина на грчкиот остров Лезбос
Атина, 1 март 2022 (МИА) – Безживотните тела на шест лица, беа пронајдени утрово на брегот во југоисточниот дел на Лезбос, а најверојатно стануваа збор за мигранти, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката крајбрежна служба соопштија дека телата се пренесени во болница каде што ќе се изврши обдукција, а загинатите не носеле спасувачки елеци. Паралелно во тек е акција од море, копно и воздух, за евентуално пронаоѓање на преживеани или тела на други загинати, со оглед на тоа дека засега, нејасен е бројот на лица што се пренесувале во чамецот. ср/сд/

Остани поврзан