• понеделник, 15 јули 2024

Заврши пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Филип Стоичов" во Делчево

Заврши пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Филип Стоичов
Делчево, 7 август 2022 (МИА) - Во Делчево заврши пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал, кој од 10 до 15 август ќе се одржи во чест на младиот Филип Стоичов коj прерано го загуби животот.
Турнирот е од хуманитарен карактер, за што, како што информираа организаторите, е отворена и жиро сметка за донации.
-Учеството на турнирот е бесплатно, а составот на екипите е 5+1. За најдобрите три екипи ќе следуваат награди во противвредност од 500, 400 и 300 евра, истакнаа организаторите.
Сите донирани средства на отворената девизна сметка за донации (MK07240167008806122 Ливанта Стоичова Унибанка), како што додадоа, ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Турнирот ќе се одржи на спортското игралиште пред деветолетката „Ванчо Прке" во Делчево. вс/хс/

Остани поврзан