• понеделник, 23 декември 2024

Заврши прекуграничниот проект на претпријатијата од Куманово и Врање за подобрување на животната средина

Заврши прекуграничниот проект на претпријатијата од Куманово и Врање за подобрување на животната средина

Куманово, 18 септевмри 2024 (МИА) - Заврши проектот „Зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел, подобрување на животната средина“ кој заеднички го спроведуваат двете јавни претпријатија „Водовод“ од Куманово и „Водовод“ од Врање, Србија.

На денешната завршна прес-конференција менаџерите на претпријатија кажаа дека е одличен проект преку кој двете претпријатија набавија градежни машини за потребите на граѓаните. Проектот „Зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија со заедничка цел, подобрување на животната средина“ има за цел да понуди поквалитетни услуги кон граѓаните преку набавка на опрема за двете претпријатија. Проектот го спроведуваше центарот за развој на североисточниот плански регион. Вкупниот буџет за проектот изнесуваше над 317.000 евра од кои кумановски „Водовод“ доби над 187 илјади, додека претпријатието од Врање над 129 илјади евра.
„Водовод“ набави специјална опрема, цистерна за миење под притисок, а сродното претпријатие од Србија, машина за интервенции на водотеци и атмосферски колектори.

-Проектот има за цел подобрување на животната средина. Набавена е работна машина цистерна под притисок. Машината е исклучително важна за работата на претпријатието како и за граѓаните. Последна набавка на такво возило била во 1998 година. Поекипирани сме за справување со временските неприлики кои сè почесто се случуваат како резултат на климатски промени, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски.

„Водовод“ е лидер во проектот и нивните српски колеги црпат искуства од нив.

-Аплициравме како ко-апликанти, добивме машина која се употребува за интервенции за заштита од поплави и за редовни работи. Успешно го завршивме проектот и се надеваме на идни заеднички активности, изјави директорот на „Водовод“ Врање, Владимир Богдановиќ.

Проектот беше насочен кон подобрување на соработката, со цел јакнење на капацитетите за управување со поплави и намалување на ризици од природни катастрофи, создавање мерки за намалување на ризик од поплави. Вработените од двете претпријатија учествуваа и на обуки на кои експерти за спречување и намалување на ризици од поплави отстранување на последици од вонредни ситуации за навремено и ефикасно справување со кризи. Целиот регион е погоден од климатските промени и често се случуваат пообилни дождови. Во рамки на проектот е изработен е извештај кој ќе се користи како база за изработка на нови проекти.

Двете претпријатија се надеваат и на идна заедничка соработка, користејќи фондови од ЕУ, за прекугранична соработка. ам/


Фото: МИА

Остани поврзан