• понеделник, 01 јули 2024

Заврши манифестацијата Кавадаречко културно лето

Заврши манифестацијата Кавадаречко културно лето
Кавадарци, 16 септември 2021 (МИА) - Со изведба од кавадаречки актери кои се претставија со поезија и настапи на млади љубители на фолклорот, попладнево заврши манифестацијата Кавадаречко културно лето, во организација на кавадаречкиот Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе”. Манифестацијата се одржуваше во јули, август се до денеска на новата велосипедско пешачка патека кон месноста Моклиште, кај кавадаречкото село Ваташа. Пред присутните денеска се обратија актерот Диме Коцевски и Јулијана Туриманџова, директор на кавадаречкиот културен дом. -Музички точки, фолклорни изведби, театарски претстави, изложбени поставки, како и бројни други културни активности беа дел од манифестацијата, кои го привлекоа вниманието на публиката, потсети Туриманџова. свд/цр  

Остани поврзан