Завршија подготовките за покривање на најголемиот отворен канал во Струмица
- Заврши уредувањето на поројот „Крушевска Република“ надвор од урбаниот дел на градот, на потегот од „Транзитниот пат“ до вливот во реката Тркања, и со тоа може да почне покривањето на најголе
Струмица, 28 декември 2020 (МИА) - Заврши уредувањето на поројот „Крушевска Република“ надвор од урбаниот дел на градот, на потегот од „Транзитниот пат“ до вливот во реката Тркања, и со тоа може да почне покривањето на најголемиот отворен канал во Струмица, објави градоначалникот Коста Јаневски.
-По ова, веќе можеме да го реализираме следниот проект-уредување, односно покривање на дел од поројот во урбаниот дел. Јавниот повик заврши, во тек се законските постапки и рокови вообичаени за вакви повици се до конечниот избор на изведувачот кој ќе го реализира овој голем и значаен проект за нашата општина, додава Јаневски.
Инвеститори на првата фаза од овој проект се Општина Струмица и Министерството за заштита на животната средина
Поројот „Крушевска Република“ поминува низ централниот дел од градот Струмица и е еден од главните реципиенти за атмосферски води во градот. Ги зафаќа водите од сливните подрачја над урбаниот дел, како и дел од водите од урбаниот дел, кои преку атмосферските колектори се испуштаат во него и завршуваат во рeката Тркајна.
Вкупната должина на каналот од базната преграда до реката Тркајна изнесува околу 3.000 метри.рт/бт/