Завршено партерното уредување на „Крстот“ во Кучково
- Партерното уредување на локалитетот „Крст“ во Кучково е завршено. Новата урбана опрема е веќе подготвена за користење, а изградена е и еко-училиница наменета за настава во природа.
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Партерното уредување на локалитетот „Крст“ во Кучково е завршено. Новата урбана опрема е веќе подготвена за користење, а изградена е и еко-училиница наменета за настава во природа.
Денеска беше извршен технички прием. Поставени се светилки и урбана опрема, односно партерно се уредени јавен простор на површина од 5.456 m² - амфитеатар што зафаќа вкупна површина од 322м2, две платформи - вкупната површина што ја покрива платформата 1 е 374 м2, а платформата 2 е 263 м2. Поставени се и 2 женски, 2 машки и 1 тоалет за лица со посебни потреби, хортикултурно уредување кое ќе се простира на површина од вкупно 1.750,00 m2, урбана опрема, пешачки патеки (и адаптација на постоечка) - вкупна површина покриена со сите три пешачки патеки = 2.717m2 и осветлување со ЛЕД светилки.
Вкупен буџет за проектот е 4.375.761,00 денари, од кои 4.247.773.35 денари се грант средства од Светска банка и ко-финансирање од буџет на општина Ѓорче Петров во износ од 127.987,65 денари.
Населеното место Кучково во изминатата година преку реализација на повеќе проекти доби целосно нов современ и урбан лик и стана атракција за скопјани. Општина Ѓорче Петров успеа да санира и реши децениски проблеми, меѓу кој и водоснабдувањето. Обезбедивме двојно повеќе вода од потребите на селото. мч/цр