• петок, 11 октомври 2024

Забранет влез во САД поради корупција на поранешните лидери на Еквадор

Забранет влез во САД поради корупција на поранешните лидери на Еквадор


Вашингтон, 10 октомври 2024 (МИА) САД забранија влез во земјата на поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, и на поранешниот потпретседател Хорхе Глас, поради вмешаност во „значителна корупција“, соопштија денеска од Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека Кореа и поранешниот потпретседател Глас „немаат право на влез во САД поради нивната вмешаност во значителна корупција за време на нивната јавна служба“.
Одлуката исто така се однесува на „блиските роднини“ на поранешните политичари, вклучувајќи ги сопругите и полнолетните деца, се вели во соопштението на американската амбасада во Кито.
Во моментот, Кореа е во Белгија, држава која му даде азил, откако тој беше осуден во отсуство на осум години затвор поради корупција и му беше одземено правото да се кандидира на јавни функции. Глас е во еквадорски затвор со високо обезбедување и се соочува со обвиненија за проневера и корупција.
Еквадорските сили за безбедност во април годинава влегоа во мексиканската амбасада во Кито за да го уапсат Глас, кој таму имаше добиено азил. Овој редок упад на дипломатска територија на друга земја предизвика тензија меѓу двете земји.
Кореа ја водеше земјата од 2007 до 2017 година и беше остар критичар на Вашингтон. Тој изјави дека обвиненијата против него се неосновани и дека одлуката на САД е неправедна. кб/

Остани поврзан