• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Забрана за палење на остатоци од земјоделски култури во Грција поради зголемениот број пожари во изминатите денови

Забрана за палење на остатоци од земјоделски култури во Грција поради зголемениот број пожари во изминатите денови

Атина, 12 март 2025 (МИА) – Забрана за палење на земјоделски култури и стрништа во цела Грција било одлучено на вонредниот состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, поради зголемениот број пожари во изминатите денови, а само вчера биле регистрирани над 70, главно предизвикани од палење на остатоци од културите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството соопштија дека забраната за палење, како и соодветните казни веќе се во сила, а мерката ќе трае до следниот вторник поради опасните метеоролошки појави, односно најавите за високи температури и многу силен ветер.

Зголемен број пожари во Грција бил регистриран од саботата со над 60 дневно, а на состанокот била разгледана и оперативната подготвеност на надлежните. ср/

Остани поврзан