• петок, 22 ноември 2024

ЖФК „Тиверија“ се засили со Јанков и Шебек

ЖФК „Тиверија“ се засили со Јанков и Шебек
Струмица, 15 јули 2021 (МИА) - Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица за прв пат ангажираше интернационалки во своите редови. Во новата сезона боите на струмичанки ќе ги бранат Маријана Јанков (26) и Милица Шебек (24). Јанков доаѓа од суперлигашот ЖФК ТЦ „Кањижа“ од Србија, а настапувала за Напредок, Брезница и Црвена Sвезда. Со црногорскиот шампион Брезница дури четири години настапувала во Лига на шампиони. Игра на позицијата играч за врска и е огромно освежување во средниот ред. Милица Шебек дојде од ЖФК „Пожаревац“, Србија, а настапувала за Тријумф, Драгон и Брезница. Три години е освојувач на црногорското првенство и настапувала во Лига на шампиони. Таа игра на позицијата полушпиц и шпиц. Од ланскиот состав на ЖФК „Тиверија“ не замина ниту една фудбалерка, а во сениорскиот тим се приклучија јуниорките Никица Трендова и Ива Салтирова. рт/зс/

Остани поврзан