• вторник, 02 јули 2024

Жозе Мурињо исклучен од пријателскиот натпревар со Бетис

Жозе Мурињо исклучен од пријателскиот натпревар со Бетис
Скопје, 8 август 2021 (МИА) - Жозе Мурињо заработи црвен картон откако влезе на терен да се соочи со судијата на синоќешниот пријателски натпревар на Рома против Бетис. Натпреварот во Севиља беше изедначен со 2:2, кога Мурињо бесно реагираше на одлуката на судијата кој го потврди голот за водство на Алекс Морено кој беше постигнат со игра со рака. Мурињо го заработи црвениот картон веднаш по исклучувањето на Пелегрини, кое беше исто така, поради протест, а во второто полувреме беа исклучени и Манчини и Карсдроп. Останувајќи со осум играчи на терен, Рома загуби со 5:2. зс/

Остани поврзан