• сабота, 05 октомври 2024

Жоан Плаза нов тренер на Бетис

Жоан Плаза нов тренер на Бетис
Севиља, 30 ноември 2020 (МИА) - Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Плаза е назначен за нов тренер на Бетис. Педесет и шестгодишниот тренер постигна договор со клубот кој настапува во АЦБ лига. Плаза ќе го замени Куро Сегуру, кој беше отпуштен од Бетис пред една недела. Изминатите две години Жоан ги помина во Зенит од Санкт Петербург. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан