• вторник, 05 ноември 2024

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 14 септември 2021 околу 22 часот во маркет на улица „Јане Сандански“ во Тетово, тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. ар/сп/

Остани поврзан