Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
- Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица.
Неготино, 17 јули 2026 (МИА) - Четириесет и четиригодишна жителка на неготинското село Долни Дисан во полиција пријавила дека била измамена за сума од 49.087 денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица - појаснија од СВР - Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/бд/
Фото: МИА архива