• понеделник, 23 декември 2024

Жителите на Слупчане алармираат дека дел од боровата шума се суши поради црвеникава борова оса

Жителите на Слупчане алармираат дека дел од боровата шума се суши поради црвеникава борова оса
Куманово, 18 јуни 2022 (МИА) - Жителите на липковското село Слупчане денеска алармираат дека изминатиов период неколку хектари борова шума е нападната од црвеникава борова оса. Според нивни проценки, зафатени се над 135 хектари шума околу Слупчане. -Оваа прекрасна шума е засадена пред 50-ина години, околу 70-тите години од минатиот век и до ден денес беше добра, но почнува да се суши. Пред два месеци забележавме дека почна да се суши. Бараме помош од надлежните органи, експерти, да преземат нешто за да не се исуши целосно, бидејќи е грев да се опстојува 50-тина години, а да се уништи за само неколку месеци,изјави доктор Фатмир Асани, жител на село Слупчане.   Жителите побарале помош од надлежните институции и побарале стручно мислење од Факултетот за шумарски науки при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. - Станува збор за црвеникава борова оса која. Инсектот е склон на градации, многу е важно да има уништување во мај идната година за не се прошири. Има повеќе начини за уништување, еден од начините е со биопрепарати и со употреба на вируси кои не ја загадуваат животната средина, а делуваат токму на тој инсект, појасни проф. д-р Стерја Начески од Факултетот за шумарски науки. Професор Начески укажа дека ваков штетник има и во други региони во државата. Последно авиоуништување било реализирано во 2005-та година во кумановскиот и скопскиот регион.ам/лв/

Остани поврзан