Жителите на Македонска Каменица ќе добијат нов дигитален рендген апарат – донација од Рудник САСА
- Во рамки на континуираната поддршка на локалната заедница, Рудник САСА и групацијата Центар Азија Металс донесоа одлука за реализација на донација која треба да придонесе за подобрување на здравствените услуги за жителите во општина Македонска Каменица. Со најновата донација вредна над 80 илјади евра, што се реализира преку Фондацијата на Рудник САСА, ќе се набави најсовремена опрема за дигитална радиографија - рендген апарат и ќе се постави во Здравствената станица во Македонска Каменица.
Македонска Каменица, 3 јануари 2023 (МИА) - Во рамки на континуираната поддршка на локалната заедница, Рудник САСА и групацијата Центар Азија Металс донесоа одлука за реализација на донација која треба да придонесе за подобрување на здравствените услуги за жителите во општина Македонска Каменица. Со најновата донација вредна над 80 илјади евра, што се реализира преку Фондацијата на Рудник САСА, ќе се набави најсовремена опрема за дигитална радиографија - рендген апарат и ќе се постави во Здравствената станица во Македонска Каменица.
Со Договорот за донација што го потпишаа директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски и вршителот на должноста директор на ЈЗО Здравствен дом „Гоце Делчев“ од Делчево, Зоран Ѓорѓевски, е предвидено новата опрема да се користи само во просториите на Здравствената станица во Македонска Каменица.
Истовремено, здравствениот дом, како примател на донацијата, презема обврска да обезбеди и стручен кадар кој ќе биде обучен од страна на добавувачот на опремата за нејзината правилна употреба.
-Здравјето е исклучително важен дел од животот на нашите вработени и локалната заедница и затоа нашата цел како компанија е да водиме грижиме за него. Покрај вложувањата и мерките што ги спроведуваме во рамки на САСА, наменети за нашите вработени, со задоволство донираме и во системот на јавното здравство со цел да помогнеме да се одржи неопходно ниво на здравствена заштита за луѓето од целата наша заедница“, изјави директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски.
Донираната опрема претставува најнов модел на современ медицински апарат, произведен во 2023 година, што користи најнапредна дигитална технологија која овозможува извршување на прецизни рендген снимања и дијагноза.
-Оваа најсовремена опрема за дигитална радиографија ќе овозможи значително зголемување на квалитетот на сите рендген снимања и ќе овозможи прецизно поставување дијагноза и соодветен третман на пациентите. Тоа е од особено значење за локално население на општина Македонска Каменица, затоа што ќе го унапреди целокупното ниво на примерна здравствена заштита што тие ја добиваат во јавната здравствена станица во нивниот град, изјави директорот на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, Зоран Ѓорѓевски, заблагодарувајќи се на САСА за најновата донација, како и за нивната постојана грижа и вложувања во здравството.
Во Договорот за реализација на донацијата е предвидено дека набавката, инсталацијата на опремата и обуката на кадарот, треба да се изврши најмногу за 90 дена, по што новиот апарат за дигитална радиографија ќе биде ставен во функција за потребите на жителите на Македонска Каменица. вс/сст/
Фото: МИА