• петок, 10 мај 2024

Жиру: Евро 2024 може да биде мој последен меѓународен турнир

Жиру: Евро 2024 може да биде мој последен меѓународен турнир

Милано, 31 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Милан и на француската репрезентација Оливие Жиру не исклучи дека Евро 2024 ќе биде неговиот последен меѓународен турнир.

Ова може да биде мојот последен меѓународен турнир. Сè уште ништо не е решено. Како што кажав, поблиску сум до крајот отколку до почетокот. Треба да го искористиме максимумот од секој момент, изјави Жиру за „Telefoot“.

Триесет и седумгодишниот Жиру има 131 настап за Франција и постигна 57 гола. Тој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Француската репрезентација на ЕП 2024 ќе игра во групата Д со Холандија, Полска и Австрија.

Претходно беше објавено дека Жиру по завршувањето на сезоната планира да се пресели во тим од американската МЛС. 

Според инсајдерот Фабрицио Романо, тој се договорил со Лос Анџелес. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан