• понеделник, 13 мај 2024

Живко Грозданоски: Наскоро треба да се одржи легитимно изборно собрание.

Живко Грозданоски: Наскоро треба да се одржи легитимно изборно собрание.

Скопје, 24 јануари 2024

 

Важечкиот статут на ДПМ: позицијата „Претседател на собрание“ е нелегитимна, мандатот на претседателот е две години, наскоро треба да се одржи легитимно изборно собрание.

Почитувани,


По неодамнешното обелоденување во јавноста дека постои друг, легитимен статут на Друштвото на писателите на Македонија, беше направена споредба помеѓу неважечкиот статут од 2009 година, и оној што е единствено валиден, од 2011 година, кој се наоѓа и во Централниот регистар. Главните поенти од важечкиот статут на ДПМ се следните:

1. Позицијата „Претседател на Собранието на ДПМ“ не постои (не е легитимна): Претседателот на ДПМ заседава и со Собранието на ДПМ. Моментално на оваа (непостоечка) позиција се наоѓа поетесата Кристина Николовска.

2. Мандатот на Претседателот и мандатите на другите органи и на тела на ДПМ изнесува две години, а не четири, како што предвидува неважечкиот Статут од 2009 год, по кој работеше досега ДПМ.

3. Управниот одбор на ДПМ се состои од 6 членови (+ Претседателот = 7), а не како „Претседателството“ од неважечкиот статут од 2009 год. кој налага 9 членови (+ Претседател на ДПМ + Претседател на Собранието на ДПМ = 11).

Во сегашниот миг од постоењето на Друштвото, обзнанувањето на единствениот важечки статут на ДПМ е релевантно поради две нешта:

1. Изборното Собрание закажано за оваа сабота (27.1.2024) е нелегитимно, со оглед на тоа што е распишано според неважечки статут.

2. Со оглед на тоа што двегодишниот мандат на претседателот во оставка Христо Петрески истекува во мај оваа година, најдоцна дотогаш во Друштвото на писателите на Македонија треба да се распише изборно собрание, на кое ќе бидат избрани Претседател и Управен одбор, како и другите тела на Друштвото.

Јавноста, исто како и членството на ДПМ, веќе извесно време ја сведочи кризата на писателската асоцијација. Но, со обелоденувањето на единствениот важечки статут на Друштвото на писателите на Македонија, се добива силен впечаток дека најпосле се има конкретна можност за конечно надминување на проблемите.

Со почит,

Живко Грозданоски

Член на ДПМ,

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан