• сабота, 21 декември 2024

Ешли Џад сподели слики од својата голгота во Конго

Ешли Џад сподели слики од својата голгота во Конго
Кејптаун, 17 февруари 2021 (МИА) - Американската глумица Ешли Џад пред неколку дена ѝ соопшти на јавноста дека ја скршила и за малку ќе ја загубела десната нога на своето патување во Конго, односно при своја авантуристичка прошетка низ тамошните прашуми. - Почувствував и знаев дека ногата ми се крши... Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа... Паднав од дрво и лежев во дождовната шума во Афика со лошо повредена нога пет часа во агонија од болката. Откако една колешка од кампот пристигна да ми ги поднамести коските, моите „браќа од Конго“ ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина, изјави таа за „Њујорк тајмс“. Утредента ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош. Сега таа е таму и сѐ уште заздравува од повредата. Ешли изразува особена благодарност до нејзините конгоански пријатели. „Без моите браќа и сестри од Конго, моето внатрешно крварење веројатно ќе ме убиеше, или ќе ја изгубев ногата. Се будам плачејќи (липајќи) од благодарност, длабоко трогната од секоја личност која придонесе за нешто животворно и со спасувачки дух за време на мојата исцрпувачка 55-часовна одисеја“, напиша таа денеска на Инстаграм. Засега, не може да се утврди кога Ешли повторно ќе може да оди.  си/сд/

Остани поврзан