• среда, 01 април 2026

Евроџекпот вреден околу 70,7 милиони евра во Германија - среќниот добитник сè уште во тајност

Евроџекпот вреден околу 70,7 милиони евра во Германија - среќниот добитник сè уште во тајност

Берлин, 1 април 2026 (МИА) - „Играч од Северна Рајна-Вестфалија освои џекпот вреден околу 70,7 милиони евра“, соопшти германската лотарија Вестлото („Westlotto“).

„Ливчето е купено кај локален продавач на лотарија во Рајнската област, а среќниот играч пополнил девет реда со вкупно вложување од 18,75 евра“, информираше германскиот весник Билд.

Евроџекпот не се игра  само во Германија, туку и во уште 18 европски земји, а шансите за освојување на главната награда се еден на 140 милиони, што ја прави оваа добивка особено редок и среќен случај.

Од лотаријата нагласија дека ваквите награди се ретки, но не се единствени.  Кон крајот на февруари, играч од Хајлброн освои слична добивка од околу 75 милиони евра, што ја потврдува зголемената интересираност за овој европски лотариски систем. Среќниот добитник досега не се огласил јавно, но се претпоставува дека оваа награда ќе му донесе значителни промени во животот, како и финансиска сигурност. мв/ссм/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан