• сабота, 21 декември 2024

Ешли Џад преживеала тешка повреда во Африка

Ешли Џад преживеала тешка повреда во Африка
Лос Анџелес, 15 февруари 2021 (МИА) - Американската глумица Ешли Џад за малку ќе ја загубела едната нога на своето патување во Конго. Имала 55-часовна операција, но сега е добро и успешно заздравува. - Почувствував и знаев дека се крши... Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа, рече таа во интернет-интервју за „Њујорк тајмс“. Џад паднала од дрво и лежела во дождовната шума во Афика „со лошо повредена нога“ пет часа во агонија од болката. - Откако една колешка од кампот пристигна да ги поднамести коските, моите „браќа од Конго“ ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина, додава таа. Таа ноќ, таа ја минала во колиба пред да замине во главниот град Киншаса со мал авион. Таа останала таму 24 часа и на крајот ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош. „Јас сум жена на пустелијата, како што знаете... Вакви несреќи се очекуваат", напиша таа на Инстаграм, соопштувајќи им на следачите дека „за малку ќе ја загубела ногата“. Џад изрази особена благодарност до нејзините конгоански пријатели.  си/

Остани поврзан