• вторник, 02 јули 2024

ЕХФ: Кадетите и кадетките денеска и утре во битка за финале

ЕХФ: Кадетите и кадетките денеска и утре во битка за финале
Скопје, 13 август 2021 (МИА) – Машката кадетска репрезентација денеска во 18 часот ќе се соочи со Швајцарија во полуфиналето од ЕХФ Шампионатот што се одржува во Скопје. Другото полуфинале од овој шампионат е натпреварот помеѓу Полска и Босна и Херцеговина кој, исто така, се игра денес. Победниците од двата натпревари ќе се пласираат во финалето во недела. Кадетките во Литванија, пак, се борат за финале преку натпреварот кој го играат против репрезентацијата на Полска во сабота од 18 часот. За влез во финалето од женскиот шампионат се борат и Шпанија и Исланд. Исходот од двата натпревари ќе ги даде финалистите кои ќе се соочат во недела. ар/бак/

Остани поврзан