• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ подготвува пакет помош за Египет во вредност од една милијарда евра

ЕУ подготвува пакет помош за Египет во вредност од една милијарда евра

Брисел, 12 април 2024 (МИА) - Европската Унија денеска соопшти дека ќе обезбеди една милијарда евра поддршка за помош на египетската економија.

Советот на ЕУ соопшти дека е прифатена макрофинансиската помош подготвена за Египет.

Во соопштението се посочува дека земјата веднаш ќе добие една милијарда евра поддршка за стабилизирање на египетската економија.

Потсетувајќи дека финансиската состојба и потребите на Египет неодамна се влошија, во соопштението се наведува дека првата фаза е финансиска помош од една милијарда евра, а во втората фаза ќе бидат обезбедени уште четири милијарди евра за периодот 2024-2027 година.

Во соопштението се наведува дека финансиската поддршка ќе биде дадена во форма на еднократен заем, а тоа ќе биде обезбедено под услов Египет да продолжи да презема конкретни чекори во области како што се демократијата, владеењето на правото и човековите права.

Минатиот месец Комисијата на ЕУ подготви предлог-операција за финансиска помош за Египет во вредност од пет милијарди евра.

По оваа фаза, одлуката за помош ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан