• четврток, 12 декември 2024

ЕУ и одобри на Полска да прекине са прима барања за азил

ЕУ и одобри на Полска да прекине са прима барања за азил

Варшава, 11 декември 2024 (МИА) – Европската унија и одобри на Полска да прекине да прима барања за азил од бегалци на границата со Русија и Белорусија поради хибридни закани од Русија.

Европската комисија соопшти дека оваа нова мерка во обид да се запре илегалната миграција низ Русија и Белорусија, и ја одобрува на Полска привремено и под строга контрола, јавуваат полските медиуми.

Според соопштението на ЕК, престанокот на примање барања за азил е вонредна мерка која бара вонредна ситуација и зголемување на обидите за илегално преминување на границата.

Се почестата употреба на сила како одговор на се поагресивните обиди на мигрантите да ја преминат металната ограда висока 5,5 метри на границата со Белорусија денеска ја осудија невладините организации за човекови права.

„Полска, која го презема претседавањето со ЕУ, треба да послужи како пример за почитување, да го заштити правото на барање азил на нејзините граници и да гарантира хумано постапување со бегалците“, изјави активистка за полската јавна ТВ станица ТВП.

Полскиот премиер Доналд Туск на почетокот на месецов истакна дека денес има се помалку противници на ефикасна заштита на границите од илегална миграција и злоупотреба на бегалци и мигранти во режија на властите на Русија и Белорусија како дел од хибридната војна против ЕУ и Полска. рп/

Фото: МИА архива


  

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан