• понеделник, 16 декември 2024

ЕУ испраќа свој пратеник да разговара со новите лидери на Сирија

ЕУ испраќа свој пратеник да разговара со новите лидери на Сирија

Брисел, 16 декември 2024 (МИА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска истакна дека пратеник на ЕУ за Сирија ќе оди во Дамаск за да разговара со новото раководство предводено од исламистите, додека западните сили го засилија ангажманот по соборувањето на Башар ал Асад.

„Нашиот врвен дипломат во Сирија денеска ќе замине во Дамаск. Таму ќе имаме контакти“, им рече Калас на новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Таа рече дека ЕУ сака Сирија да биде мирна и слободна земја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан