• недела, 22 декември 2024

ЕСМ дистрибуција: Новите објекти во Кисела Вода ќе се приклучат кон системот за централно греење

ЕСМ дистрибуција: Новите објекти во Кисела Вода ќе се приклучат кон системот за централно греење

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Новиот директор на ЕСМ Дистрибуција Петар Милетиќ најавува дека со изградбата на нов секундарен топловод ќе се реши проблемот со приклучување на новоизградените згради и објекти на потегот меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улиците „Михаил Чаков", „Народни Херои" и „Лазар Димитров" во општина Кисела Вода. 

Од АД ЕСМ Дистрибуција информираат дека Милетиќ остварил средба со засегнатите страни со цел да се реши ова прашање.

Оттаму велат дека поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но, дека новото раководство наишло на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод. 

- Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење.Согласно Одобрение за градење бр. 13-2942/3 од 24.07.2024 година и правосилност од 03.09.2024 година издадено од страна на Општина Кисела Вода, ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија ДООЕЛ Скопје ќе започне со изградба на нов секундарен топловод А3.010 од постоечка шахта 010 на вод АЗ делница 005 за планирани објекти според ДУП Ј13 за населбата „11-ти Октомври", Скопје, се вели во соопштението. 

Од ЕСМ дистрибуција на топлина информираат дека, исто така, Милетиќ, во најкус временски период потпишал 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти потенцирајќи притоа дека активностите ќе се изведуваат без застој и навремено. сст/бак/ 

Фото: МИА архива                                                                                       

Остани поврзан