![Еруптираше вулканот на Камчатка](https://new.mia.mk/images/20240621091447_big_730x400_83.webp )
Москва, 21 јуни 2024 (МИА) - Вулканот Каримски во централниот дел на Камчатка еруптираше по речиси две години.
Вулканот исфрла пепел до висина до 5,5 километри, објави на својот канал на Телеграм, Институтот за вулканологија и сеизмологија на далечниот источен огранок на Руската академија на науките.
Вулканската активност може да претставува опасност за авионите вклучени во локалниот воздушен сообраќај, поради што е издадено советување за воздушен сообраќај.зш/