Ердоган телефонски разговараше со Путин за билатералните односи, регионалните и меѓународните прашања
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин, јави Aнадолија.

Aнкара, 28 март 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин, јави Aнадолија.
За време на разговорот, станало збор за билатералните односи, регионалните и меѓународните прашања.
Ердоган го истакнал значењето на заедничката работа на Турција и Русија за постигнување траен мир и стабилност во Сирија врз основа на зачувување на територијалниот интегритет на земјата. рп/
Фото: МИА архива