• сабота, 21 декември 2024

Ердоган обвинува: САД ги користат терористите за заштита на Израел

Ердоган обвинува: САД ги користат терористите за заштита на Израел

Анкара, 25 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за да обезбедат безбедност за Израел, пренесува Анадолија.

- Добро познат факт е дека САД ги користат терористичките организации во регионот за свои интереси, но и за безбедноста на Израел, рече Ердоган во обраќањето пред новинарите во претседателскиот авион за време на неговото враќање од Русија по Самитот на БРИКС.

Ердоган додаде дека Турција покрена иницијатива во ООН за воведување сеопфатно ембарго за извоз на оружје во Израел, поради засилените израелски напади на Газа и Либан.

Турскиот претседател ги осуди нападите на терористичката организација ПКК на седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (TUSAŞ) во Анкара, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со своите напори за „целосно искоренување на тероризмот“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан