• недела, 12 мај 2024

ЕП: Шахистите го совладаа Косово, шахистките поразени од Словенија

ЕП: Шахистите го совладаа Косово, шахистките поразени од Словенија

Скопје, 19 ноември 2023 (МИА) – Победа во машка и пораз во женска конкуренција забележаа македонските репрезентации во 7. коло на Европското екипно првенство во шах во Будва.

Македонските шахисти во 7. коло беа поуспешни од Косово, триумфирајќи со 3-1 и пред завршните четири кола се на 27 место со шест бодови.

Во денешното 8. коло за противник ќе ја имаат селекцијата на Турција.

На женскиот турнир, македонските шахистки претрпеа висок пораз од Словенија (3.5-0.5) и по седум кола се на 28 место со пет бодови.

Противник во денешното 8 коло ќе им биде селекцијата на Норвешка. ег/хс/

Фото: ШФМ

Тагови

Остани поврзан