• петок, 31 мај 2024

Елмас стрелец во победата на Наполи над Салернитана

Елмас стрелец во победата на Наполи над Салернитана

Салерно, 4 ноември 2023 (МИА) - Наполи ја победи Салернитана со 2:0 на гостински терен во натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А.

Денешната победа на тимот на Руди Гарсија ја донесоа Џакомо Распадори (13. минута) и македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас (82. минута).

„Наполитанците“ се искачија на четвртото место во Серија А со 21 бод. 

Салернитана остана на дното на табелата со само четири освоени бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан