• понеделник, 23 декември 2024

ЕК спроведе инспекција за крешење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема 

ЕК спроведе инспекција за крешење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема 

Брисел, 19 септември 2023 (МИА) - Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања.

Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот.

Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни колеги од органите за контрола на конкурентоста на земјата членка на ЕУ во која се наоѓа седиштето на комапнијата.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ненајавените инспекции се прелиминарен истражен чекор што го презема Европската комисија за сомнителни антиконкурентни практики. Фактот што Комисијата врши инспекција не значи дека компанијата која е предмет на истрагата ги прекршила антимонополските правила, ниту пак го прејудицира исходот од самата истражна постапка. 

Со регулативата на ЕУ не е предвиден законски рок за комплетирање на истрагите за монополско однесување и нивното времетраење зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој засегнатите компании соработуваат со Комисијата и остварувањето на нивните права на одбрана.

Во соопштението на ЕК не е посочено името на компанијата, ниту земјата од која таа потекнува. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан