• понеделник, 23 декември 2024

ЕК работи на утврдување на климатските цели на ЕУ до 2040 година 

ЕК работи на утврдување на климатските цели на ЕУ до 2040 година 

Брисел, 6 јануари 2023 (МИА) - Европската комисија работи на подготовка на програма за климатските цели на ЕУ до 2040 година, што ќе им ја остави во наследство за реализација на идните институции на Унијата што би требало да бидат формирани по изборите за членови на Европарламентот предвидени за почетокот на јуни. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според најавите, Европската комисија ќе ги презентира новите предлог-цели за климатска акција на блокот на 6 февруари, по што по нив се очекува официјално да се дискутира за време на заседанието на Советот за животна средина на  25 март. Уште пред објавувањето, предвидено е планот да биде разгледан на неформалниот Совет за животна средина закажан за 16 јануари.  

По ова, за климатските цели ќе се расправа на Самитот на ЕУ, предвиден за 27 и 28 јуни, во рамки на дебатата за Стратешката агенда на блокот за периодот 2024-2029 година, која ќе ги формулира приоритетите на Унијата за новиот институционален циклус. 

Според извори во ЕК, во предлог-целите ќе остане заложбата за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2040-та за 90 отсто во однос на нивото од 1990 година. ЕК ќе се определи за овој процент и покрај препораките на Европскиот советодавен научен комитет за климатски промени за намалување на емисиите на стакленички гасови за 90 до 95 проценти и целите од Парискиот договор за климата за нула нето емисии на овие гасови и целосна климатска неутралност до 2040 година. 

Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Претседател на Комитетот за животна средина на Европскиот парламент, Паскал Канфин неодамна во интервју за „Еурактив“ ја поддржа целта за намалување на емисиите за 90 отсто до 2040 година. 

Според него, сегашното темпо на постепено редуцирање на емисиите на стакленички гасови „ја става ЕУ на траекторијата да постигне намалување за 90 проценти до 2040 година“. 

- Ако продолжиме со истите напори и помеѓу 2030 и 2040 година, ќе достигнеме намалување за 90 отсто, изјави Канфин, изразувајќи оптимизам дека до 2050 година е можно остварување на целта од Парискиот договор за нулто ниво на емисии на стакленички гасови од страна на богатите земји. 

Втората клучна цел ќе биде декарбонизацијата, во чии рамки се очекува да биде претставен и Индустриски план за управување со јаглеродот, чија цел ќе биде развивање на технологии за складирање на јаглеродот и намалување на неговите емисии од страна на тешката индустрија. 

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад.

Според непрофитната еколошка мониторинг организација „Карбон Маркет Вач“ (ЦМВ) за остварување на ваквата заложба ЕУ мора да направи јасна дистинкција и да постави посебни цели за намалување на емисиите на јаглерод при експлоатација на земјиштето и шумите и посебни за индустријата. 

ЦМВ смета дека ако ЕУ се фокусира само на неутрализирање на тешката индустрија, постои ризик „да продолжат емисиите на стакленички гасови“, па за таа цел треба да се направат измени во шемата за тргување со емисиите на јаглерод, за да се одржи притисокот врз загадувачите за нивна декарбонизација. 

Од друга страна, европската тешка индустрија вели дека ги поддржува климатските цели на ЕУ, но предупредува дека при поставување и спроведување на политиките за декарбонизација мора да се води сметка за одржување на нивната конкурентност во однос на компаниите од земји надвор од Европа. 

Според Европската асоцијација за челик (Еурофер), остварувањето на целта за намалување на емисиите на јаглерод до 90 отсто, практично ќе значи целосна декарбонизација на енергетско интензивните индустрии, како што се челичарниците. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6.9 % на месечно ниво и повисоки за 85.8

- Ова ќе биде можно само ако сме сигурни дека ќе имаме пристап до конкурентна чиста енергија во огромни количини, додека се нивелира полето за натпревар со другите региони во светот кои не споделуваат ваква климатска амбиција, порача Еурофер, додавајќи дека само на евентуално декарбонизираната европска индустрија за челик би и била потребна енергија, колку што е сегашната потрошувачка на струја на цела Германија. 

И Европскиот совет на хемиска индустрија (ЦЕФИЦ) смета дека за остварување на целта за декарбонизација ЕУ треба да понуди „солидни решенија“ за финансирање на инвестиции со ниска потрошувачка на јаглерод и за поголема достапност и пристап до енергија од обновливи или од извори со ниски јаглеродни емисии.  

Според ЦЕФИЦ, доколку не се преземат мерки во тој правец можно е хемиските компании да ги дислоцираат своите фабрики надвор од ЕУ, каде што трошоците за производство се обично помали. 

И Еурофер и ЦЕФИЦ се на ставот дека климатската амбиција на ЕУ мора да се постигне „преку иновации и инвестиции во Европа, наместо преку деиндустријализација“. сп/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан