ЕК објави конкурс за организатор на Европскиот фестивал за слобода на медиумите
- Европската комисијата денеска објави јавен повик за избор на организатор на третото издание на Европски фестивал на новинарство и слобода на медиумите, чија цел е зајакнување на дијалогот, соработката и партнерството меѓу новинарите, медиумите, граѓанските организации и медиумските професионалци во ЕУ.
Брисел, 6 јануари 2025 (МИА) – Европската комисијата денеска објави јавен повик за избор на организатор на третото издание на Европски фестивал на новинарство и слобода на медиумите, чија цел е зајакнување на дијалогот, соработката и партнерството меѓу новинарите, медиумите, граѓанските организации и медиумските професионалци во ЕУ.
Во рамки на Фестивалот, за чија организација годинава е предвиден буџет од три милиони евра, ќе се одржат дебати поврзани со законодавството за слободата на медиумите, дезинформациите, безбедноста на новинарите и економските предизвици во новинарството.
- Тој, исто така, ќе помогне да се подигне свеста за клучната и тешка работа на новинарите, како и за заканите по слободата на медиумите во ЕУ. Фестивалот ќе понуди можност за размена на мислења за ефектите на европското законодавство врз слободата на медиумите, соопшти Европската комисија.
Комисијата, при тоа, ги повикува заинтересираните медиуми, невладини организации, издавачи, универзитети и истражувачки центри да ги достават свои понуди на повикот, за што краен рок е 1 мај 2025 година.
Фестивалот треба да придонесе за постигнување на целите утврдени во насоките за политиките на Комисијата за периодот 2024-2029 година. сп/
Фото: МИА Архива