• вторник, 05 ноември 2024

Експлозии во фабриката „Слобода“ во Чачак, работниците евакуирани

Експлозии во фабриката „Слобода“ во Чачак, работниците евакуирани
Белград, 4 јуни 2021 (МИА) - Серија експлозии се случија во фабриката „Слобода“ во Чачак рано утрово, со почеток во 1.30 часот, јави Радио-телевизија Србија. Засега нема информации за причините за несреќата. Сите работници од ноќната смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката се евакуирани и никој не е повреден, потврди градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ. Тој рече дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2,30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се заштитиле во подрумските простории. - Околу 1.30 часот се слушнаа првите детонации, тие се случија во складиштето за муниција. Добро е што експлозијата и пожарот не се случија во производствените сали, рече Тодоровиќ. Магацинот се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин исто така рече дека експлозијата, за среќа, се случила во магацинот на готови производи, а не во самото производство. - Се разгледуваше да се евакуира значителен дел од Чачак, но немаше потреба. По 24 часа од последната детонација, пожарникарите ќе можат да влезат, речеи Вулин и нагласи дека најважно е сè да биде безбедно. Сè уште се слушаат повремено детонации, но многу поретко и со помал интензитет, а РТС од местото на настанот јавува дека ситуацијата се смирува. Граѓаните во близина на фабриката кои беа евакуирани полека се враќаат дома. Некои од нив изјавија дека на автомобилите може да се забележат траги од експлозијата. Има и скршени прозорцие на некои куќи. По тричасовна блокада, сообраќајот е нормализиран, а затворен е само патот што води кон фабриката.  Противпожарната спасувачка единица со девет члена и три возила, како и противпожарните возила на фабриката со 10 нивни работници се пред фабриката и ќе интервенираат кога ќе бидат исполнети условите. паг/
 

Остани поврзан