• понеделник, 23 декември 2024

Еколошка акција на Иницијативата „Збогум Буково“ денеска на падините на Галичица

Еколошка акција на Иницијативата „Збогум Буково“ денеска на падините на Галичица

Охрид, 23 ноември 2024 (МИА) – Активистите на Иницијативата „Збогум Буково“ денеска организираат еколошка акција под мотото „Валкаме заедно, чистиме заедно“ на падините на планицата Галичица. Упатен е повик до сите вљубеници во природата, граѓани и поддржувачи на Иницијативата да улествуваат во активностите насочени кон чистење на макадамскиот пат што ги поврзува охридските села Велестово и Рамне.

- Оваа акција е одлична прилика да се активираме, да направиме нешто добро за нашата околина, да се забавуваме во природа. На последниот дел од патеката, ќе го чистиме асфалтот од село Рамне до маркет ‘Видобишта’, каде што ќе ја завршиме нашата акција. Оваа акција не само што има за цел да го исчисти овој пат, туку и да поттикне размислување и да овозможи атмосфера во која ќе се предложат решенија за заштита на оваа прекрасна патека, којашто е идеална за рекреација на деца, семејства и пензионери. Меѓу многубројните предлози е и изградбата на времен објект (кафе-бар во контејнер) на локацијата, кој би служел како стартна точка за забавно-едукативен парк на отворено. Сметаме дека овој дел, во непосредна близина на Управната зграда од Национален Парк „Галичица“, може и треба да прерасне во зона за рекреација на најмладите со бројни едукативни, образовни и спортски содржини, велат од Иницијативата „Збогум Букoво“.

Акцијата ќе има и образовен елемент, особено за најмладите, со цел да се сврти вниманието кон проблемот со отпадот во Националниот парк „Галичица“ и да поттикне нови начини на неформално образование и активности на отворено со цел подигање на свеста за моменталниот проблем со начинот на којшто го одлагаме отпадот и потребата од оддржлив систем за управување со него којшто ќе обезбеди здрава иднина за нашите деца и внуци. аб/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан