• сабота, 05 октомври 2024

„Еко-живот“ Кавадарци одбележа 12 години работење

„Еко-живот“ Кавадарци одбележа 12 години работење
Кавадарци, 21 јули 2022 (МИА) - „Еко-живот“ Кавадарци денеска одбележа 12 години работење. Претседателот на регионалното еколошко друштво, Роберто Паризов рече дека изминатиов период работеле на надминување на повеќе еко проблеми. - Се залагаме за чиста и здрава животна средина. Меѓудругото, вршиме мониторинг на животната средина и биолошката разновидност. Кавадарци како голема општина располага со многу богата биолошка разновидност, којашто е многу важна за сите нас, таа е нашата гордост, рече Паризов. Тој се осврна на тоа дека од минатата година, општината го има заштитеното подрачје „Лукар“, според законот за води. - По закон за природа, имаме две заштитени подрачја, за коишто е потребна ревалоризација. Природниот резерват „Тиквеш“ и споменикот на природата „Дреновска клисура“, заштитено подрачје на границата со росоманска општина, рече тој. Паризов информираше дека имаат соработка со надлежните државни и општински органи. Тој нагласи дека е неопходно и понатаму да се работи на подигнување на еколошката свест кај населението. - Младите мораат да бидат двигатели на тој план и затоа ние многу работиме на тоа поле. Бројни млади активисти учествуваат во еко еразмус проекти надвор од државата. Отворивме и еко едукативен центар во градскиот парк, наменет за младите, но и за сите други, особено за туристите, рече Паризов, потсетувајќи дека се членки на неколку еко платформи и мрежи. Доне Илов, општински овластен инспектор за животна средина, говореше околу заложбите на локалната самоуправа, за што е можно повеќе зелени површини и поздрава околина. Александра Паризова, еко активист, се осврна на солидарниот и хуман проект, „Банка за храна“ Кавадарци. Таа кажа дека кавадаречкиот проект е втор и веднаш по националниот, за обезбедување храна за социјално загрозени лица. Банката за храна во Кавадарци работи четири години. Доставени се повеќе од 35 тони храна, повеќе од пет илјади литри сок, голем дел на хигиенски средства. Опфатени биле околу 450 корисници на помош. Активистот Елена Митева-Ризова зборуваше за еразмус програмата, на која, меѓудругото, работи здружението. Во неа, досега биле вклучени повеќе од 500 млади кавадарчани, плус возрасни лица. Или, вклученост во повеќе од 20 проекти. Таа го спомена и проектот за примена на апциклирање за вработување на млади, со кој се покренала свеста за реупотреба на предметите, но и многу други проекти. свд/мс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан