• недела, 22 декември 2024

Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, од ДУИ велат пратеничката група работи во полн состав

Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, од ДУИ велат пратеничката група работи во полн состав

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Мендух Тачи од ДПА го напушта Европскиот фронт. Од ДУИ вчера не ја коментираа оваа информација, додека од ДПА за МИА изјавија дека наредните денови ќе има официјално соопштение. Во меѓувреме, дел од медиумите информираа дека имаат потврда од ДПА дека Тачи ја напуштил коалицијата Европски фронт. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера не сакаше да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел - да направат подобро место за живеење.

Портпаролот на ДУИ Арбр Адеми во изјава за МИА вчера посочи дека дека нивната пратеничка група е функционална. 

- Пратеничката група е функционална и работи во полн состав, одговори кусо Адеми.

И Блерим Беџети од Европскиот фронт денеска на прес-конференција во Собранието даде речиси идентичен одговор. 

Пратеникот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на денешната прес-конференција во парламентот информира дека во моментот се разгледуваат вкупно 2.674 барања за државјанство. 

- Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието. За други прашања или дилеми треба да се обратите до Мендух Тачи или до Али Ахмети, рече Беџети.

На новинарско прашање зошто отсуствал Тачи на настаните организирани од коалицијата, Беџети одговори дека и во други активности се случува да отсуствува некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. 

- И во другите активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Ве уверувам дека тоа е нормално, секој со своите обврски и протоколарни средби може да отсуствува во некоја од средбите, рече Беџети.

Изјава за медиуми на премиерот, Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадоркат

Премиерот Христијан Мицкоски вчера не сакаше да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел - да направат подобро место за живеење.

Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.  

– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој вчера присуствуваше на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Изет Меџити, претседател на Демократското движење денеска изјави дека Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните или на ЕУ интеграциите, туку амнестија на криминалот што е направен во

Во изјава за медиумите, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека партиите во Европскиот фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена. 

Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен. 

- Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити во Арачиново. нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан