• вторник, 05 ноември 2024

Едно лице приведено во Прилеп, се сомничи за кражба

Едно лице приведено во Прилеп, се сомничи за кражба

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Полицијата вчера на улица „Александар Македонски“ во Прилеп го лишила од слобода Е.Р.(31) од село Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети.

Како што информира денеска МВР, кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан