• недела, 23 јуни 2024

Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа

Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа

Мексико Сити, 15 јуни 2024 (МИА) – Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа.

Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила.

Претседателката на Мексико изрази жалење поради смртта на едно лице. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан