• понеделник, 23 декември 2024

ЕВРО 2020: Жоао Феликс ќе го пропушти натпреварот против Германија

ЕВРО 2020: Жоао Феликс ќе го пропушти натпреварот против Германија
Минхен, 19 јуни 2021 (МИА) - Напаѓачот на Португалија, Жоао Феликс, ќе го пропушти денешниот натпревар на ЕВРО 2020 против Германија. Според „АС“, 21-годишниот напаѓач чувствувал непријатност во левиот бутен мускул и затоа стручниот штаб решил да го поштеди фудбалерот. Натпреварот Португалија - Германија ќе се одигра попладнево во Минхен со почеток во 18 часот. По првото коло во Ф-групата, Португалците имаат три бода, Германците се без бодови. зс/

Остани поврзан