• петок, 05 јули 2024

Европско-јапонски сателит за истражување на климата лансиран од САД

Европско-јапонски сателит за истражување на климата лансиран од САД

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) - Европско-јапонскиот сателит за истражување на климата, чија цел е да го проучува температурниот баланс на Земјата, беше лансиран во орбитата од американската држава Калифорнија со ракетата Фалкон 9 СепјсИкс (SpaceX).

Сателитот, наречен EarthCARE, полета од воздухопловната база Вандерберг со ракета Фалкон 9 во 15:30 часот по локално време вчера (12:30 часот по средноевропско време) и беше успешно поставен десет минути подоцна, соопшти СпејсИкс.

Сателитот ќе мери како облаците влијаат на климата. Познато е дека некои ниски облаци ја ладат планетата, додека други на големи надморски височини делуваат како покривки. Мисијата ќе користи ласери и радар за да ја испита атмосферата за да види точно каде е рамнотежата, објави Би-Би-Си. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан