Европските синдикати со поддршка за ССМ, најавена посета во септември
- Генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч со нејзиниот стручен тим на почетокот на септември ќе дојде во посета на Сојузот на синдикати на Македонија во врска со актуелните состојби и проблеми со кои се соочува синдикатот.
Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч со нејзиниот стручен тим на почетокот на септември ќе дојде во посета на Сојузот на синдикати на Македонија во врска со актуелните состојби и проблеми со кои се соочува синдикатот.
Од ССМ денеска информираа дека посетата ќе се реализира од 1 до 3 септември, а претставниците на ETUC ќе бидат запознати со состојбата и текот на постапките пред надлежните органи во земјата и пред Меѓународниот суд за човекови права за оспорување на незаконитата одлука на Врховниот суд со која во корист на државата е конфискуван Работнички дом, кој е сопственост на работниците и на ССМ повеќе од 70 години.
- ETUC ја изрази својата поддршка на ССМ во врска со одземањето на имотот и се обрати до Делегацијата на ЕУ во државата, амбасадорот Дејвид Гир, како и македонскиот амбасадор во Брисел за нивен ангажман во насока на заштита на имотот на синдикатот како една од суштинските претпоставки за слобода на синдикално здружување, организирање и функционирање. Посетата на највисоко ниво на претставници на Европската Конфедерација на Синдикати (ЕТUC) и нивната поддршка на ССМ покажува дека секогаш мора да се обезбеди почитување на синдикалните права, а ова особено во земја како нашата која е во процес на пристапни преговори за членство во Европската Унија, оценува ССМ. бак/
Фото: МИА архива