• понеделник, 01 јули 2024

Европската џудо унија го откажа Европскиот куп 2022 година во Оренбург

Европската џудо унија го откажа Европскиот куп 2022 година во Оренбург
Москва, 27 февруари 2022 (МИА) - Европскиот куп во 2022 година, кој требаше да се одржи во Оренбург, Русија е откажан, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на прес-службата на Европската унија за џудо (ЕЈУ). Се известува дека оваа одлука е донесена во поради актуелната меѓународна ситуација. Европскиот куп 2022 година требаше да се одржи од 14 до 15 мај. Покрај овој турнир, ЕЈУ го откажа и Европскиот куп за кадети, кој требаше да се одржи од 2 до 3 април во рускиот град Тула. зс

Тагови

Остани поврзан