Европската унија објави Повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан
- Европската унија објави Повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан, со цел да се поддржи економскиот развој на регионот и неговата интеграција во единствениот пазар на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.

Брисел, 10 април 2025 (МИА) - Европската унија објави Повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан, со цел да се поддржи економскиот развој на регионот и неговата интеграција во единствениот пазар на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.
Поканата беше објавена на Самитот Aдрија 2025 во Црна Гора синоќа, што значи дека компаниите од ЕУ, Европската економска област и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти, а крајниот рок за аплицирање е 21 мај 2025 година.
Европската комисија ќе ги разгледа предлозите и ќе се стреми да ги поддржи најпогодните проекти со достапни политики, технички или финансиски инструменти, а целта е да ги поттикне приватните инвестиции во развојот на инфраструктурата, економската диверзификација, зелената и дигиталната транзиција, како и интеграцијата во синџирот на вредност на ЕУ, со цел да се овозможи отворање нови работни места и да се намали економскиот јаз во согласност со Планот за раст на Западен Балкан. рп/
Фото: ЕПА