Евролигата нема да го намали бројот на натпревари оваа сезона
- Евролигата планира да ги одигра сите преостанати натпревари од оваа сезона. Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен. Сепак, нешто конкретно може да се каже само кога ќе постои сигурност
![Евролигата нема да го намали бројот на натпревари оваа сезона](https://new.mia.mk/images/20221103161726_big_730x400_6.webp )
Барселона, 21 март 2020 (МИА) - Евролигата планира да ги одигра сите преостанати натпревари од оваа сезона. Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен. Сепак, нешто конкретно може да се каже само кога ќе постои сигурност за продолжување на натпреварувањето.
- Наш приоритет е да ги доиграме шесте кола од основниот дел на првенството, а потоа да одржиме плеј-оф и фајнал-фор. Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен. Очигледно, сезоната ќе заврши подоцна од планираното, соопштија од елитното кошаркарско натпреварување.