• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еврокомесарката Каја Калас на 8 април во посета на Албанија

Еврокомесарката Каја Калас на 8 април во посета на Албанија

Тирана, 3 април 2025 (МИА) - Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, на 8 април ќе допатува во посета на Албанија.

По средбата со премиерот Еди Рама ќе одржат  заедничка прес-конференција.

Ова ќе биде нејзина прва посета откако ја презеде функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност.

Пред неполн месец, на 13 март Албанија ја посети еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос,  што исто така беше  нејзина прва посета на оваа земја по изборот на функцијата.

По средбата со премиерот Еди Рама на заедничка прес-конференција таа порача дека патувањето на земјата кон ЕУ, е сигурно и вистинито и оти Албанија заслужува да биде дел од ЕУ, зашто е „шампион за регионалната соработка“. вт/

Остани поврзан