• среда, 03 јули 2024

Евробаскет 2022: Шпанија за четврто, Франција за второ европско злато

Евробаскет 2022: Шпанија за четврто, Франција за второ европско злато

Берлин, 17 септември 2022 (МИА) – Финалето на Европското кошаркарско првенство в недела во Берлин ќе биде можност Шпанија да го освои своето четврто европско злато, додека Франција ќе се обиде по вторпат во историјата да стане европски првак во кошарка.

Франција вчера убедливо со 95-54 ја совлада Полска, додека во второто полуфинале полно со пресврти Шпанија во преполната Мерцедес – Бенц Арена во Берлин го совлада домаќинот Германија со 96-91.

Со триумфот Шпанија го обезбеди својот седми последователен медал на европските првенства. Шпанската серија почна со сребро во 2007 година, по што следуваа три титули (2009., 2011., 2015.) и две бронзи (2013., 2017.).

Единствената европска титула Франција, пак, ја освои во 2013 две година, а две години претходно загуби во финалето од Шпанија. ег/паг/

Остани поврзан