• вторник, 19 ноември 2024

Евертон плати само 12 милиони фунти за Родригез

Евертон плати само 12 милиони фунти за Родригез
Лондон, 9 септември 2020 (МИА) - Трансферот на играчот за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез, го чинеше Евертон многу помалку отколку што првично се очекуваше. „Карамелите“ платија само 12 милиони фунти, а не 20 како што се најавуваше, објави  Би-Би-Си. Дваесет и деветгодишниот Колумбиец потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул. Договорот предвидува можност за продолжување на уште една сезона. Ова е трет пат како Хамес се приклучува на екипите кои ги предводи Карло Анчелоти. Пред тоа под водство на Италијанецот играше во Реал Мадрид и Баерн Минхен. зс/

Остани поврзан